Вкупно 37 возачи на автобуси успешно ги завршија тридневните обуки во скопскиот хотел „Континентал“. Веќе в среда тие ќе отпатуваат за Кршко, Словенија, каде ќе полагаат за „КОД 95“, кој им е потребен за да возат во Европската Унија. Германска компанија од Мајнц веќе има договорено 168 возачи на автобуси од Македонија, објави Плусинфо.
Предавачот Далибор Млаѓеновиќ, од српската компанијата „КОДА 95“, беше ангажиран да ги обучи возачите за успешно да ги поминат тестовите.
Тој за Плусинфо изјави дека е изненаден од фактот што германската компанија, чие име на Плусинфо му е познато, успеала одеднаш да договори толку многу возачи на автобуси, бидејќи досега работел со помали групи од 20 до 30 возачи…
Плусинфо во неколку наврати пишуваше дека од ЈСП „Скопје“ ќе си заминат стотина возачи поради лошите услови за работа.






