ЈСП нема да вози за време на викенд-полицискиот час

Од утре, сабота од 15 часот, па до понеделник (27 април) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.



Согласно одлуката на Влада за забрана на движење на граѓаните, од утре во 15 часот се до понеделник во 05 часот, нема да има автобуски превоз во Скопје.

Утре, сабота, автобусите ќе сообраќаат само од 5 до 15 часот, по саботен возен ред, соопштија од ЈСП.