ЈСП: Граѓаните да носат заштитни маски во автобусите за јавен превоз

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ апелира до граѓаните што го користат јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од ковид-19 и во автобус да носат заштитна маска.



– Единствено со одговорно однесување на секој поединец, а имајќи предвид дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје, соопшти ЈСП.