Билетот за едно возење во автобусите на ЈСП, на што долго се очекуваше, конечно може да се купи во автобус или во билетарниците.
Хартиениот билет чини 50 денари, и има вграден бесконтактен чип.
Воведување ваков билет најмногу бараа граѓани од другиите градови кои од различни причини доаѓаат во Скопје и на кои не им одговараат другите видови билети на кои цената им останува непроменета.
Пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку картичките чини 35 денари, а билетот што се плаќа со мобилен телефон е 40 денари.




