Јавното сообраќајно претпријатие апелира, граѓаните кои се превезуваат со автобус да носат заштитни маски се со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
„Апелираме до сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид – 19 при користење на превозот, односно во автобус да носат заштитна маска.
Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот“ се вели во апелот од ЈСП.
Оттаму потсетуваат и дека, тие како јавно сообраќајно претпријатие нема ингеренции да забрануваат влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту пак има право да казнува.






