Директорот на јавното претпријатие Паркинзи Скопје, Крсте Петревски ѝ се извини на велешанката со инвалидитет, Билјана Гаврилова-Станковска.



Нејзе ѝ беа вратени трите илјади што ги платила за да ѝ го депблокираат возилото затоа што паркирала на место обележано за инвалиди, иако и самата била инвалид.

Брука: Инвалиди од други градови не смеат да паркираат во Скопје

Гаврилова-Станковска вели дека се чувствува лута и дискриминирана и покрај тоа што добила извинување и рефундирање на парите, нема да застане тука и најпрво ќе испрати претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

„Не е мојот случај единствен, а ова ми се случува вторпат. Првиот пат немав пратено-смс затоа што не знаевме дека е забрането паркирање за инвалиди од друг град. Зошто само скопјани да паркираат. Ќе поднесам преставка до Комисијата за дискриминација.

Здружението „Мобилност Македонија“ стои зад мене и оваа борба ќе ја истераме до крај“, порача Гаврилова-Станковска.