Пратеници на СДСМ до Собранието испратиле предлог за измени во Законот за јавнообвинителската служба, кои ќе се најдат на пленарната седница во среда.
Со измените, ќе се овозможи државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да може да ги потпишува налозите за сите трошоци на СЈО, вклучително со платите на вработените, а ќе има и надлежност врз истражителите во оваа институција.
Од средината на септември, СЈО нема потписник.





