Државното јавно обвинителство на чие чело е кадар на СДСМ Љубомир Јовески и врати на владата која преку министерот за внатрешни работи го повика да ги истражи индициите за криминал и корупција на внукот на Али Ахмети.
По повикот од Спасовски ЈО да го расчисти случајот Јовески побара други институции под контрола на владата да поднесат пријави за внукот на Ахмети.
Јавното обвинителство ги повика институциите надлежни за контрола на финансиските текови да поднесат известување или пријава за внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети кој стана сопственик на 39 проценти од деловниот центар „Соравиа“, јавува Фокус.
,,Јавното обвинителство ги следи информациите. Доколку органите надлежни за откривање на кривични дела и контрола на финансиските текови (Управата за финансиска полиција, Единицата за финансиски истраги при МВР, Управата за јавни приходи или др.) постапат и достават известување или пријава, обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности”, ја пренесува порталот реакцијата на државното обвинителство.
Јолевски кој е избран за државен обвинител од СДСМ и ДУИ сега аплицира за уставен судија, позиција која нема да ја добие ако тргне да го гони внукот на Али Ахмети чија партија ДУИ треба да гласа за неговиот избор за уставен судија.
Инструментот на допрен глас се користи доколку во конкретниот случај постојат сериозни индиции или наводи за сторен криминал или кога органите надлежни за откривање кривични дела не постапуваат согласно своите надлежности, велат од Обвинителството.
Ако изјавата на Дрин Ахмети дека додека неговиот вујко де факто раководи со владата со нула денари дошол до сопственост вредна десетина милиони евра не е доволна причина за покренување истрага од Јавното обвинителство тогаш Македонија има многу посериозни проблеми од тие што се гледаат со голо око.
Со оглед на тоа што индициите за корупција и криминал покриваат најмалку тројца луѓе инволвирани во ,,Случајот Соравија и внукот на Ахмети” мора да интервенира и шефот на ЈО за организиран криминал Ислам Абази за кој не е тајна дека е близок на таткото на Дрин Ахмети.






