„Граѓаните сакаат промени, сакаат да излеземе од ова сивило, овој хаос, но има луѓе кои не се свесни во кои услови живеееме“ – вели кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кичево Александар Јовановски кој иако во првиот круг имаше најмногу гласови на локалните избори, во вториот загуби од актуелниот градоначалник Фатмир Дехари, кој имаше огромна логистичка поддршка од ДУИ и изминатиот викенд се потпре на гласачи од странство кои допатуваа со автобуси и авионски летови.
„Сакаат да придонесат за кауза која не доликува на моментот, ние бракови склопуваме, се сакаме, се поддржуваме, нема простор за етнички коалиции. Искрено, мене ми е жал што немам авиони“ – вели Јовановски.
„На градоначалникот посакувам досегашната пракса да ја претвори во работа, да не се натпреваруваме за исти теми по четири години“, рече Јовановски, најавувајќи дека повторно ќе се кандидира за градоначалник на Кичево по четири години.




