Непосредно пред операционализацијата на Францускиот предлог во делот на историјата, актерот Владо Јовановски со поучно видео и исто толку поучен придружен коментар на својот профил на Фејсбук.
„Член на ‘историската’ комисија за сечење дрвја заслужено си го доби од тукушто ‘убиеното’ дрво со здрав корен. На духовит начин се разбира.
Сепак, природата е милостива.
Да ја зачуваме природата!
А и Македонците да се живи и здрави во век и веков!
Да не ве лаже умот да го сечете коренот на Македонија и на Македонците, оти стар корен е тој…
Да не се пошегува природата со вас како бумеранг“, порача еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во својот коментар покрај линкот:
https://www.facebook.com/100001101922084/videos/777508683402232/






