Актерот Владо Јовановски со порака до тие, посебно од исток, што се надеваат на исчезнување на македонизмот со евентуално исчезнување на Македонците.
„Џабе им ти на нив пееш и им кукурикаш!
Македонците, топ не ги бие…
+(плус),
„Петлите кои рано пеат, први во лонец ги ставаат“- македонска народна…
Посветено на првите, вторите и третите петли, пред апостол Петар од Бога да се откаже, а веднаш потоа, толку силно да се покае…!
П.С.Не ги колете „петлите“!
Оти и без „петли“, зората ќе зазори!
Додуша, ќе зазори во „глува“ тишина и мрак,
ама ќе зазори……………………………………………
Сите што мислат дека македонизмот ќе исчезне ако исчезнат Македонците, се лажат“, вели еден од фронтмените на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.





