Актерот Владо Јовановски, еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и притворен за „27 април“, јавно им се обрати на сите што гледаа отстрана додека реки народ секојдневно протестираа низ четириесетина македонски градови и населени места пред седум години.
„Ќутачи и ќутачки!
Молчевте кога излегувавме на улица.
Молчевте кога ги браневме Уставот и името на Р. Македонија. Македонскиот јазик, култура, историја, идентитет…
Молчевте кога се боревме за достоинство на македонскиот народ и на сите граѓани на РМ.
Молчевте кога нè притвораа.
Молчевте кога нè затвораа.
Мочите и сега, додека невини луѓе издржуваат драконски казни по занданите, за дело кое не го сториле.
На крај, цел народ го ставија во притвор. Без можност за излегување и влегување во ‘Резерватот Северна’, ниту за арно, ниту за не дај Боже.
Возљубени молчељупци, на здравје да ви е ќутењето!
Заборавивте на онаа …
‘Ако мечката игра кај комшијата, ќе заигра и во вашиот двор’!“, напиша Јовановски на Фејсбук.






