Не се точни информациите во јавноста дека има масовно отпуштање на вработени тврди директорката на агенцијата за вработување Билјана Јовановска.



Јовановска реагира на информациите од угостителите дека ги отпуштија сите вработени, бројка која достигнува до 15,000.

„Таа информација не е точна кај нас во центрите за вработување ниту е реализирана масовна одјава од задолжително социјално осигурување, ниту пак во мометов имаме масовни најави за технолошки вишок за голем број на лица“, вели Билјана Јовановска- Директорка на Агенција за вработување.

Дел од фирмите го менуваат работното време од полно на скратено за да ги намалат трошоците но и висината на платите на вработените.