Бранимир Јовановиќ советник на поранешниот министер за финасии Драган Тевдовски, жестоко ја критикуваше одлуката на владата за одложување на прогресивниот данот и враќање на рамниот данок.
„Да бидеме начисто. Со одлуката да го „одложи“ прогресивниот данок, Владата ќе им даде 30-40 милиони евра на најбогатите 1% во оваа држава. Не на сиромашните, не на работниците, не на земјоделците, не на студентите, не на младите, туку на Заевци, Кочовци, Нини, Камчевци и Мијалковци.
И, ок, легитимно е. Легитимно е, па и логично, Влада водена од богаташи, да се грижи за богатите, а не за сиромашните“, напиша Јовановиќ.






