Јовановиќ вели дека Фрчкоски зборел паметно: Заев бил брилијантен политичар

Политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ чија сопруга според негово признание била вработена од СДСМ Кавадарци тврди дека негативниот став на Фрчкоски за обидот на опозицијата да направи влада е умен став.



,,Го слушнав Фрчкоски, паметно зборува. Обидот на вмроовците да направат влада е “мртвороденче”, бидејќи ќе немаат легитимитет. Не може да се направи Влада заради резултатот од локалните избори.

Локални се едни избори, владините, пак, односно парламентарните се други избори. Генералниот заклучок е дека Владината политика на чело со Заев мора да продолжи затоа што тоа е добра политика за европските агенди и граѓаните во целина”, вели Јовановиќ и бара граѓаните да го слушаат Фрчкоски кој настапувал на телевизија 24.

Аналитичарот се согласува со Фрчкоски дека Заев бил брилијантен политичар

“Се создава атмосфера на триумф за рушење на владата од Мицковци. Дозволува демократијата “лимбо” состојби, вели Фрчкоски, но тоа не значи дека институциите на системот не функционираат.
И еден општ, генерален заклучок што ми се допадна: демократијата не е “смут систем”, туку конфликтен, противречен – еден чекор напред, два назад.
Исто така Фрчкоски констатира дека премиерот е брилијантен политичар”, вели Јовановиќ.