Јовановиќ: СДСМ не се ни обиде да го спроведе ветеното

„Шарената револуција ја изеде можноста за нова револуција, за примена на општеството. Во иднина ќе биде тешко нешто такво да се случи.



Ни следуваат црни денови. Пред пола година имаше дебата за шарената револуција, ова сега што се случува се гледаше години наназад.

За жал ќе следуваат неколку мрачни години.

СДСМ не го исполнија ветуваното. СДСМ дојде на власт со ветување „правда за сите“, а Груевски им избега неколку дена пред да оди во затвор.

Донесоа Закон за амнестија само да си истуркаат нивни работи.

СДСМ не ги исполни ветувањата, не ни проба да ги исполни“, оценува поранешниот советник во владата на СДСМ, Бранимир Јовановиќ, во „Студио 10“ на ТВ24.