Нема потреба да си го губиме нашето време и нашата енергија како научници да објаснуваме нешто што светската лингвистика веќе го прифатила. Македонскиот јазик е признат во сите славистички  и во сите лингвистички центри во светот и се проучува на многу универзитети во светот, изјави Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ одговарајќи на новинарски прашања за став на оваа научна установа во однос на негирањето од страна на Бугарија, пренесува Плусинфо.



Јованова-Грујовска вели дека Институтот нема потреба да дефинира „црвени линии“ кога тие веќе постојат, зашто со првата  изјава од Бугарија во декември лани, кажале дека тоа се измислени прашања.

Таа смета дека се работи за инцидентни барања наметнати од дел од бугарски лингвисти кои се користат во дневна политика, посочувајќи дека како лингвист учествувала на бугарски конференции во минатотото и дека немала проблем притоа да се обрати на македонски јазик.