“Актуелната потпретседателка на Бугарија и кандидат за уште еден мандат во тандемот со Румен Радев, вели дека нема да има примена на бугарската политика кон Македонија зашто ништо не било исполнето од, како што вели, таа страна на границата.
Таа вели дека и во последните денови имало нов преседан: „Преседан со плоча на која не само што е изменет натпис, туку со изменети букви и изменети имиња. Ова е промена на историјата и измама со овие луѓе со сменети имиња – не се двоумам да го кажам”. вели потпретседателката Илијана Јотова пред претстојниот состанок ЕУ-Западен Балкан на 6 октомври.
На прашањето дали има притисок врз Бугарија од САД, Германија или ЕУ, таа вели дека „најголемиот притисок доаѓа од ЕК, која допрва треба да забележи одреден успех во својата мандат, без оглед на темата … “
„Нема ништо подобро од сите наши соседи, кои преговараат за пристапување, да бидат дел од ЕУ, но во никој случај нема да отстапиме од нашите позиции за да имаме одржлива политика, а не само да дадеме зелено светло и утре скандалите и напрегањата да почнат со нова сила“ вели Јотова во интервју за БНТ.







