„Ако Бугарите не бидат запишани во Уставот, ви велам – нема да има ниту педа напредок во преговорите на Македонија за европско членство. Нема да има меѓувладина конференција, нема да има извештај од страна на ЕК и мисијата на ЕК, со кои ќе се почнат вистинските преговори“.



Ова го почача бугарската потпретседателка Илијана Јотова која вчера, по посетата на Косово, допатува во Скопје.

Јотова и во Косово најде Бугари, ќе ги посети Гора и Жупа

Во зградата на бугарската амбасада, таа се сретна со претставници на македонските Бугари на кои им порача:

„„Вие сте суштинскиот дел од бугарската нација. Вие играте витална улога во ширењето на нашата култура, јазик и вредности во Македонија. Ја имате нашата непоколеблива поддршка“, пренесе БГНЕС.

Јотова особено внимание посвети на тешкиот инцидент со претепаниот Христијан Пендиков. Таа нагласи дека властите во Софија будно ја следат истрагата за овој случај.

„Не се бугарските документи, туку бугарската самодоверба што ве прави Бугарин“, рече и потпретседателката на Бугарија мислејќи веројатно на Пендиков кој нема бугарско државјанство, а по инцидентот беше пренесен на лекување во Софија со бугарски владин авион.

Јотова пред средбата се поклони пред барелефот на апостолот на слободата Васил Левски, кој е поставен пред зградата на нашето дипломатско претставништво во Скопје. Таа повика „да ги следиме заветите на Левски и да придонесеме за напредокот и нашата заедничка иднина.

„Правата за кои се бореше Левски се актуелни и денес. Конкретно за бугарската заедница во Македонија, која се соочува со различни предизвици и се бори за своите права, за кои Бугарија цврсто стои зад вас“, рече и Илијана Јотова.

Според неа, од особено значење е соработката меѓу бугарските културни клубови и граѓанските организации.

Бугарската заедница во Македонија има богато културно наследство кое заслужува да се слави и зачува. Промоцијата на бугарската култура и традиции во Македонија ќе ја зајакне бугарската заедница и ќе доведе до поблиски односи меѓу Бугарија и Македонија, рече Јотова.