„Бугарија беше една од првите земји што ја призна независноста на Република Косово и 15 години ја уживаме вашата доследна поддршка. Со овие зборови, во Приштина ја пречека бугарската Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, е во дводневна посета во Косово каде на претседателката на Република Косово Вјоса Османи-Садриу ѝ вети натамошна поддршка за пристапувањето на Република Косово во меѓународните организации, како и за нејзиниот европски пат



Меѓу главните теми на средбата беше и признавањето на косовските граѓани со бугарска самосвест и идентитет како бугарска заедница со загарантирани права.

Јотова дели бугарсѝки книги во Албанија

„Од посетата на претседателот Османи-Садриу на Бугарија на покана на шефот на државата Румен Радев на 30 ноември започнаа првите вистински чекори кон признавањето на бугарската заедница.

Се надевам дека овој процес ќе продолжи во тесна координација меѓу две земји“, нагласи потпретседателката Јотова.

Таа посочи дека Бугарија ќе работи и на отворање саботно-неделно училиште во области со компактно население со бугарска самосвест и идентитет.

Јотова денеска ќе ги посети регионите Гора и Жупа, каде ќе разговара со претставници на бугарската заедница.