„Или ќе инсистираме во преговарачката рамка за РС Македонија да има последно поглавје и за време на процесот на преговори да следиме дали се почитува Договорот за добрососедство или во неа да се вметнат барањата на Бугарија за почитување на Договорот, нагласи потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ).



Според Јотова, која е членка на опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), кога настана целиот случај со Македонија, немало ниту една земја членка на ЕУ што го поддржа бугарскиот став, што е жално, па Бугарија речиси една година изгубила време да им ја објасни својата позиција на европските партнери и да ги придобие на своја страна.

„ Имаме цврста и консензуална позиција со европските институции во врска со РС Македонија. Имаме заедничка рамковна позиција со Владата. Сепак, има пропуст што речиси една година изгубивме да им ја објасниме позицијата на нашите европски партнери и да ги придобиеме на наша страна“, нагласи Јотова.