Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, порача дека секој којшто сака да биде дел од европското семејство треба да сфати дека тоа не е банка ниту донатор, туку слобода и заштита на човековите права.
„Сакаме гаранции за правата на македонските Бугари, за вистинско добрососедство, почитување на историјата“, изјави таа.
Според Јотова, успех на бугарската надворешна политика е опстојувањето на бугарската позиција за впишување на Бугарите во Уставот на с. Македонија.
„Тоа е пример како успеваме кога работиме заедно сите институции и политички партии“, додаде таа во обраќањето во бугарското училиште за политика „Димитар Паница“.







