Уште една провокација и дел од масовната антибугарска кампања, напиша денеска на фејсбук потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.



„Уште на неговото отворање, пред еден месец, во кое учествуваше голема бугарска делегација, рековме дека единствена функција е да ја зачува бугарската култура и идентитет кај Бугарите во северна Македонија. Откријте ги сторителите, тие ќе докажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како и на сите други националности“, додаде Јотова во нејзината објава на Фејсбук.