Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денеска од Охрид откри што Бугарија бара од Македонија за тргање на ветото, а тоа е повеќе од условот Бугарите да бидат впишани во Уставот.
„Ако добро го познавате Договорот за добрососедство меѓу двете држави ќе видите дека ниту една од точките внатре не е реализиран во пракса веќе 5 години.
Ние ги поставивме условите за одредени точки во учебниците во средно училиште како и во изработката на методолгијата. Историската комисија меѓу двете држави треба тоа да го договори и потоа тоа да биде воведено во учебниците.
Второ ние сакаме отворање на архивите и да запре гонењето на лицата само затоа што се Бугари.
На трето место, нешто што за мене е многу важно е оштетувањето на спомениците во РСМ. Јас не можам да разберам како во 21 век дури и независно на процесот кон ЕУ, како може да се рушат надгробни плочи, да се оштетуваат споменици само затоа што тие го дале животот, но се од друга држава“, изјави Илијана Јотова – потпретседателка на Бугарија.ТВ21
Потпретседателката на Бугарија денеска во Охрид ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам. Проектот е финансиран од бугарската влада како дел од програмата на Министерството за надворешни работи „Бугарска развојна помош“.
Јотова ќе присуствува и на отворањето на канцеларија на Здружението за толеранција и соработка „Хоризонти“.







