
Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова во бугарската амбасада во Скопје оствари средба со претставниците на бугарските здруженија во Македонија. Пред присутните порача дека Софија нема да направи отстапки за договорите со Скопје.
Јотова особено внимание посвети на инцидентот со претепаниот Христијан Пендиков. Таа нагласи дека властите во Софија будно ја следат истрагата за овој случај.
Соопшти и дека откако доби обезбедување и стан, Пендиков ќе добие стипендија за да заврши факултет во Бугарија.
Пендиков беше пренесен во Софија со владин авион откако беше претепан затоа што се декларира како “македонски Бугарин”,. Во текот на истрагата се испостави дека еден од напаѓачите е всушност бугарски државјанин, за разлика од Пендиков кој воопшто нема бугарско државјанство, но има поднесено барање за бугарски пасош во декември минатата година.





