Француски предлог што Ковачевски сакаше да го прикаже како големо достигнување на дипломатија всушност е голем дебакл за Македонија, изјави на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Последна потврда за тоа е изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова која изјави дека Францускиот предлог е голем дипломатски успех за Бугарија и дека преку преговарачката рамка за Македонија се внесени бугарските позиции за што им се заблагодари на европските лидери за разбирањето“
Пратеникот додаде дека „уште еден удар, односно демант на лагите на Ковачевски и неговата влада доаѓа од бугарскиот политичар Илхан Ќучук. Додека нашава влада лаже дека сме отпочнале преговори, Ќучук им порачува дека преговорите нема да почнат се дури не е исполнет еден услов, клучен за Бугарија, а тоа е внесување на Бугарите во македонскиот устав“.
Левков додава и дека „само пред неколку дена дојде уште еден шамар и демант за владата на Ковачевски. Измеќарите од владата тврдеа дека со Протоколот се завршува потпишувањето на срамни и понижувачки обврски за Македонија, но според службениот МНР на Бугарија, Милков во Софија се работи на нов писмен документ со јасни обврски и задачи за Македонија“.







