Јотова ќе отвори бугарско училиште во Албанија

Од денеска до 16 септември потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова ќе престојува во Албанија, а посетата доаѓа во пресрет на националниот попис на населението во Албанија – важен момент за бугарското национално малцинство, пишува бугарски „24 часа“.



За време на посетата на Тирана на албански ќе биде претставена книгата на проф. Спас ташев „Бугарите во Албанија“, а во селото Големо Острени Јотова ќе се сретне со претставници на бугарското национално малцинство од регионот Голо Бардо.

Јотова ќе ја отвори новата учебна година во бугарското неделно училиште во градот Елбасан, соопшти прес-службата на Претседателството.

Потпретседателката Јотова беше првиот бугарски државник кој ја посети бугарската заедница во Албанија веднаш по нејзиното официјално признавање во 2017 година.

Јотова ќе разговара со Артан Хоџа, ректор на Универзитетот во Тирана каде се изучува бугарски јазик. Во делегацијата, предводена од потпретседателката , ќе бидат и професори од бугарските универзитети и од Бугарската академија на науките.