Потпретседатерлката на Бугарија Илијана Јотова иозлезе со свој коментар за инцидентот во Охрид во кој беше претепан секрретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис“ во Охрид. Јотова уште еднаш го оправда бугарското вето за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ.
„Ќе го известиме комесарот за човекови права во Советот на Европа, бидејќи последните извештаи што се појавија од таму не беа прилично ласкави за земјата. Луѓето со бугарска самосвест се подложени на многу тешки тестови и дискриминација. Бугарија ќе внимава на однесувањето на македонските власти за продлабочување на јазикот на омразата и навремено ќе бидат известени сите европски институции“.
Во изјава за БНТ Јотова вели дека Бугарија мора да одговори со сите средства и во однос на нашите европски партнери и билатерално.
Во врска со односите меѓу Бугарија и Република Македонија, Јотова изјави: „Да зависеше од Кирил Петков, уште во јануари без никакви услови од бугарска страна, тој ќе го укинаше ветото, но фала богу беше не е дозволено“.







