Јотова: Да не се прикрива дека кирилицата е создадена од Бугарите

Ова го изјави Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова вели дека „недозволиво е да се менува историјата поради геополитички интереси“ .



За време на конференцијата Меѓународен кириличен форум изјави дека „ние му дадовме нешто на светот“.

Јотова рече дека тоа однесува на „личности од нашата историја“. Од почит кон историјата, нема да ги именувам авторите на ваквите лаги, рече потпретседателката.

Таа им се обрати на присутните на форумот кои придонеле за научни откритија и ги повика да не го „прикрива писменоста создадена од Бугарите“.

Јотова коментираше и за наставата на бугарскиот јазик во странство – на 39 катедри. За неа тоа е малку и побара од научниците на форумот да ги анализираат причините и дополнително да ги развијат катедрите.

Таа ги нагласи и „перспективите за кирилицата во дигиталната ера и дали и се заканува изумирање“.

На форумот учествуваат познати бугарски научници од Австрија, Белгија, Германија, Грција, Италија, Литванија, Полска и Србија, како и бугарски средновековнисти.

Предвидено е да се нагласи бугарскиот придонес во спасувањето на делото на Кирил и Методиј и нивните ученици, создавањето и ширењето на кирилицата во словенскиот свет, пренесе Њуз.бг