Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, изјави дека Софија сè уште не добила задоволителен одговор од, како што вели, северномакедонските власти за случајот со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кому на 6 јуни не му беше дозволен влез во земјава.
„Досега не добивме задоволителен одговор од северномакедонските власти што ја наметна забраната, кои се овие црни списоци во кои спаѓа бугарскиот европратеник. Верувам дека овој пат тоа е провокација не само кон Бугарија, туку и кон Европската Унија“, ја пренесува БНТ изјавата на Јотова.
Според Јотова, Бугарија строго ги исполнува обврските кон Скопје, што не е случај, како што рекла, со нашиот југозападен сосед, пренесува „360 степени’.
Пендиков го прими бугарското државјанство, Јотова му вети заштита од бугарската држава
Вчера, Јотована севечена церемонија му ги врачи бугарските лични документи на охриѓанецот Христијан Пендиков. Таа го потпиша указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло.







