Бугарската потпретседателка Илијана Јотова вели дека Македонија со своите постапки практично го блокира нејзиниот процес за влез во Европската Унија мислејќи притоа на наводно обесправените Бугари во Македонија.



Јотова за „Bg on air“ изјави дека Бугарија ќе застане зад секој граѓанин со бугарска самосвест.

„Нападите врз бугарските клубови во Охрид и Битола, бруталното претепување на Христијан Пендиков и со своето непостапување во однос на антибугарските настани, самата Република Северна Македонија го блокира процесот за влез во ЕУ“, рекла Јотова.

„Бугарија ќе го стави под лупа секое дејствување и акција поврзани со говорот на омразата. За жал денеска можеме да кажеме дека без разлика на толеранцијата со која го прифативме францускиот предлог, нема напредок ниту во работата на Мешовитата историска комисија.

Особено по последната промена во процедурите за членство во ЕУ, Бугарија во секој момент може да го запре овој процес и ако продолжиме вака – не сум оптимистка“, додала Јотова.

Потпооретседателката наагласи дека преговорите ќе се одвиваат под јасни услови, меѓу кои и почитување на Договорот за добрососедство и почитување на правата на Бугарите во Македонија и нивно вклучување во Уставот.