Бугарската потпретседателка Илиана Јотова која денеска присуствуваше на отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, вели дека не знае дека во Бугарија има Македонци.
„Кои се тие Македонци во Бугарија, дајте ми пример. Јас многу одамна се занимавам со таа тема, бев и десет години во Европскиот парламент, никој досега од ваша страна не побарал такво нешто“, одговори Јотова на прашање на новинар на СакамДаКажам.
Таа го игнорираше прашањето зошто досега Бугарија не ги очитува одлуките на судот во Стразбур во врска со правата за регистрација на македонските здруженија во Бугарија.
Вкупно 16 добиени пресуди од Судот за човекови права во Стразбур има за кршење на правото на слободно здружување на Македонците во Бугарија, од кои 11 се на ОМО „Илинден Пирин“. Првата пресуда оваа организација ја добила пред Судот за човекови права во Стразбур во 2001…
Јотова и Генчовска: Прво Бугарите во устав па Македонија кон ЕУ
Јотова: Во Македонија живеат над 71.000 Бугари







