Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска реагира на вчерашното соопштение на Министерството за правда, кое информираше за средбата на министерот Бојан Маричиќ со една од жртвите на групата „Јавна Соба“ која на социјалните мрежи објавуваше компромитирачки фотографии од девојки од Македонија.
„ Никој не треба да ја вика жртвата за таа да раскажува “изворно за сите страдања”, а пак тоа да го објавиш јавно е на ниво на муабет на селска чешма“, пишува адвокатката на Фејсбук според која ова е голема грешка на минстерскиот пи-ар.







