Илинденско-Преображенско востание, за македонскиот јазик и нација. „Ако Македонците и ние, Бугарите, сме различни народи, секако дека меѓу нас на овие балкански простори ќе имало војна, како што имало бугарско-турски, српско-бугарски, бугарско-грчки, романско-бугарски војни. Но, бугарско-македонска војна нема, а и немало како да има, зашто не е можно еден народ да војува самиот со себе“.



Ова констатација за „бугарското потекло“ на Македонците на Фејсбук ја објави поранешниот бугарски амбасадор во Македонија, Александар Јорданов (2001-2005) и актуелен евро-пратеник.

„Политичарите кои го користат терминот „заедничка историја“ во контекст на денешните бугарско-македонски односи да не заборават дека таквата историја создава само заеднички народ. Компромиси можат да се прават во сегашно време и во однос на денешната политичка реалност, но не и во однос на историјата. Затоа што таа е совршена“, пишува Јорданов.

Во подолгото писание на нњеговиот Фејсбук профил, тој меѓу другото, вели:

„Илинденско-преображенското востание од 1903 година, кое избувна во Македонија и Одринско, е настан во бугарската историја, во битието на Бугарите кои живееле на тие простори и кои несреќно останале под османлиската власт. За денешните Македонци, кои тврдат дека не се Бугари, тоа нема врска.

Фактот што дел од востанието избувна на територијата каде што сега живеат, не го прави нивен настан.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=3453635814715216&id=100002064935050