Македонските научници во Заедничката бугарско-македонската комисија за историјата, ги политизираат научните проблеми, оценува Александар Јорданов, европратеник и пооранешен амбасадор во Македонија, во врска со 6-месечниот прекин на работата на Комисијата основана со Допговорот за добрососедство.
Јоорданов за БНТ оценува дека Комисијата не е заинтересирана за аргументите, фактите, туку од каде дува политичкиот ветер.
За Јорданов, проблемот бил јасен, а Бугарија не сакала ништо повеќе од тоа бугарската историја да била сочувана каква што е.
„Едноставно бараме еден нормален, човечки и национален долг кон нашите големи претходници“ вели Јорданов.
Тој смета дека не може да се утврди краен рок за работата на комисијата.
Пречка во работата на експертите е личноста на Гоце Делчев. Бугарскиот дел од комисијата одби да прифати двете страни заедно да го слават Делчев на 7 октомври, кога неговите коски во 1946 беа предадени на Скопје од Георги Димитров, потсетува News.bg.




