Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади го потврди ставот на земјата против секој обид за преселување на палестинското население во Јордан.
„Нема да дозволиме Израел да ја пренесе кризата во Јордан, доколку има вистински обид да го направи тоа. Палестинците не го сакаат тоа. Јорданците не го сакаат тоа“, изјави тој за Си-Ен-Ен.
„Тоа само ќе доведе до нова војна во регионот. Ќе ја прошири областа на конфликт, нема да донесе мир. Затоа, повторно, не правете грешка во врска со тоа. Нашата позиција е непоколеблива. Никогаш нема да дозволиме населението да се пресели од Палестина до Јордан. И тоа само ќе го однесе конфликтот во сосема нова димензија која ќе биде опасна и катастрофална за целиот регион“, додаде тој.
И Египет одбива какво било принудно преселување на Палестинците на Синај, изјави египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, додавајќи дека таквиот потег ќе го претвори полуостровот во база за напади врз Израел.
Појасот Газа е всушност под израелска контрола и Палестинците можат да бидат преселени во израелската пустина Негев додека Израел не се ослободи од милитантите, изјави денеска Сиси на заедничката прес-конференција во Каиро со германскиот канцелар Олаф Шолц.
На границата меѓу египетскиот Синајски Полуостров и Појасот Газа, тоа е единствениот граничен премин во Газа што не е контролиран од Израел. Израел повика еден милион од 2,3 милиони жители на малата енклава Газа да се движат од север кон југ кон Египет додека ја заврши операцијата за уништување на Хамас, палестинското исламистичко движење, кое започна нова војна со Израел на 7 октомври со невидени напади врз Израел.







