Бугарската потпретседателката Илијана Јотова изјави дека е време за средба меѓу владите на Бугарија и Република Македонија и побара да се преземат посериозни мерки по последниот инцидент со граѓанин со бугарска самосвест, пренесе БНТ.
Таа вели дека предавањето нота до македонската амбвасада во Софија била недоволна акција, бидејќи има информации дека се подготвува текст за промена на уставот на Македонија, но во пракса нема напредок.
Таа повика да не се заборавидека освен уставот на РСМ, треба да има измени – согласно потпишаните заеднички протоколи – кои се однесуваат на промени во учебниците, оценки на историски податоци и личности и отворање досиеја, но дека ништо од ова не е направено.
„Не се осмелувам ни да помислам дека новата бугарска влада ќе отстапи од веќе воспоставената бугарска позиција, која не е само на официјалниот кабинет, туку и на претседателската институција и на Народното собрание.
Ако Бугарија, со новото министерство за надворешни работи и со новата влада, ја преиспита својата позиција – сега да ги почнеме преговорите и работите ќе се регулираат сами по себе, бидејќи, патем, повеќе од една се слушаат такви „совети“ – ова значи национално предавство“, рече потпретседателката.







