Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци со порака до премиерот Зоран Заев по скандалот со неинтонирањето на македонската химна при посетата на неговиот грчки колега Алексис Ципрас на Скопје.
„Гледачи на ТВ 24, контактна емисија ,,Очи в очи” обелоденија зошто не се интонираше македонската химна на дочекот на Ципрас – бидејќи почнува со ,Денес над Македонија се раѓа…’, а продолжува со ‘Македонците се борат за своите правдини’.
Заев должи големо објаснување на македонскиот народ дали ќе менува и химна, како капак на сè.
А, и да размисли – дали, сепак, е подобро да си игра држава во дворот во Струмица“, напиша Јоци на својот профил на Фејсбук.





