Јоци за железните опинци на Заев и ветената плата од 500 евра

Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци во свој стил објаснува за начинот на кој премиерот Зоран Заев ќе го исполни предизборното ветуивање за просечна плата од 500 евра.



„Заев ќе ,’облечел’ железни опинци ако не стасал до 500 евра просечна плата. Сега просечна била 400 евра ?. Така рече.
Ќе стаса и до 500.
Како ?
Ќе му покачи на Кочо 1.500 евра плата, на Рада, на градоначалницине кои ништо не работат, на сите министри, 158 советници, заменици, директори, на Шилегов, на син му на Грчев, на ќерките на Талат и на Бејта во МЕПСО, на синот на советничката Ленче Николовска, на сите факинг членови по стотици надзорни и управни одбори, на пратеницине и оп – Завод за статистика ќе објави ПРОСЕК од 500 евра плата во Северна Македонија.

Цело време си продаваат луѓето виртуелен #живот
Само покачените цени, и тоа за 100 отсто за година и пол, се вистински.
И кредитите се вистински. А, секоја фамилија има барем еден плус 2 кредитни картички. 
Само чекајте 500 евра, можеби и навистина ќе ги видите“, напиша Јоци на својот профил на Фејсбук.