„Гордана Силјановска имала син, кој, свирел на кавал во Градски парк!? Свири на кавал и така собира пари за социјални случаи. Го сликале дури.
И ова на владините пропагандисти им е главен аргумент за нејзина дискредитација.
За греота.
Место да и` најдат некои 10 скриени стана, швајцарски сметки, куќа на Бахами, они за кавалот на синот се фатија“
Фејсбук статус на новинарката Јорданка Ивановска – Јоци по обидот за оцрнување на кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова, откако на социјалните мрежи беше објавена фотографија од нејзиниот син кој во парк свири на кавал, а собраните пари ги дава на социјални случаи – дечиња што питаат.






