Доколку е донесен закон за амнестија со кој се амнестираат лица кои се обвинети за тероризам, како овие од 27 април, тогаш зошто да не се амнестираат и оние од „кумановскиот случај“, кои исто така се осудени за тероризам, прашува адвокатот Јован Јоанидис.
Во изјава за ТВ21 адвокатот вели дека не е против амнестија, но е против селективна амнестија која, според него, наликува на наликува на политички пазар со кој, според него, урива владеењето на правото.
Тој е против измените на Кривичниот зџакон кој според него се менува по 28 пат, така што судиите и не знаат што да применат.




