“Jo” од Села и Гаши за “Албанската платформа” на Ахмети

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села не го прифаќа предлогот на Али Ахмети за петте столба или „албанската платформа“ за преговори со партиите на Албанците.



Отккако претходно лидерот на Алијансата одби да разговара со лидерот на ДУИ Али Ахмети за поддршка за премиер Албанец сега нуди свои пет контра точки на тие што вчера ги објави Бујар Османи.

Во своите пет точки – пораки до Мала Речица Села објаснува зошто “Албанската платформа” на ДУИ не е прифатлива за Алијанса за Албанците:

1. ДУИ продолжува да биде најразединувачкиот политички субјект до денес. Еекспонентите на ДУИ, нашите 12 пратеници од Коалиција меѓу Алијансата и Алтернатива, ги претставуваат како 8 + 4.

2. Не се фаќај за рака со Лубе Бошковски за да добиеш глас повеќе и да се повикуваш на легитимноста на Албанците.

3. Не кради гласови и не ја купувај слободната волја на Албанците, за утре да се повикуваш на некредибилен легитимитет.

4. Не ги лажи Албанците, со столбови и со билети, туку исполни го вашето единствено ветување, ветувањето за премиер Албанец, за кое баравте гласови од Албанците.

5. За петтиот столб ја прашуваме ДУИ: Каде бевте вие кога беа направени уставните измени?

Според Алијанса за Албанците во ДУИ по изборите заборавиле на ветувањата до гласачите.

“На Албанците не им требаат вашите столбови, чувајте ги за себе, како и вашите ветувања до граѓаните што ги напуштате веднаш штом ќе завршат изборите”, изјави денеска Флакрон Беџети, портпарол на Алијансата за Албанците.

“Албанската платформа” на ДУИ денеска ја отфрли и партијата на Африм Гаши Алтернатива.

“Не прифаќаме национални платформи од човек кој краде гласови и ја краде иднината на своите сограѓани. Им врие под нозете, се плашат од денешниот протест, со кој Албанците ќе докажат пред Европската Унија дека им е украдена слободата на изразување. ДУИ не може да го докаже спротивното, бидејќи самите знаат дека ги полнеле кутиите и ги уценувале граѓаните да гласат за нив. Редно е Албанците еднаш за секогаш да застанат на стабилни нозе заедно со сите граѓани во државата” изјавил денеска за плусинфо.мк Скендер Реџепи, генерален секретар на Алтернатива.