ЈО ги презема предметите од СЈО!?

Во државното јавно обвинителство немаат дилеми дека по писменото известување од Катица Јанева дека ги овластила обвинителите во СЈО да ги предадат предметите на редовното обвинителство, се исполнети условите ЈО да ги преземе случаите.



„Сакаме работите малку да ни легнат, да преноќат, но според нашите првични опсервации, нема правни пречки за преземање на случаите на СЈО. Сметаме дека се исполнети условите од член 6, став 5 од Законот за СЈО“, вели извор од државното јавно обвинителство за „360 степени“.