Турскиот премиер ги повика САД да не се сомневаат во изборите во Турција, туку да се позанимаваат со нивните за кои скандалите се уште не се завршени.
„ Досега, тие сé уште не ги завршија скандалите околу нивните претседателски избори. И, ако сакаат да видат како се одвива гласање, нека дојдат во Турција и да видат колку транспарентни се изборите кај нас“, рече премиерот Бинали Јилдирим.
Реакцијата доаѓа по изјавата на портпаролот на Стејт департментот, кој изјавил сомневање дека Анкара може да одржи фер избори во вонредна состојба.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган закажа вонредни парламентарни и претседателски избори на 24-ти јуни.




