Јетон Шаќири ќе биде министер за информатичко општество и администрација, предложен од Демократската унија за интеграција (ДУИ), информира весникот КОХА.
Веста за весникот КОХА ја потврди и ДУИ.



Шаќири, кој беше избран и за пратеник, е професор на Меѓународниот универзитет во Струга, а беше и директор на струшкото претпријатие Водовод и канализација.

Тој важи за човек од доверба на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој често влегуваше во конфликт со претставници на СДСМ, јави Фокус.