Јетон Шаќири не чувствувал одговорност што учениците нема да добијат книги на време

Министерот за образование Јетон Шаќири не чувствува одговорност што некои одделенија ќе добијат книги на крај на септември. Тој повторно се иззема од оговорност и си најде други виновници. Печатниците не почнале навреме со печатење па сега ветува дека потребните учебници ќе бидат готови кон крајот на септември.



  • Јас како министер целата постапка ја имав завршено на крајот на јули. Не учествувам како министер, или како директор на училиште, во ниту една постапка во Националната комисија, во педагошката служба, во мислењата на рецензентите, во мислењата на другите. Не можам да имам одговорност во постапките кои не зависат од министерот – рече Шаќири, и додека дека истото тоа ќе се случи и за учебниците во шесто одделение зошто се во напредна фаза на одобрување од Националната комисија, а после тоа имаме жалбена постапка. Затоа јас кажувам дека до крајот на септември ќе бидат доставени до сите ученици.

Во однос на предметите кои се спојуваат, министерот рече дека тоа било само за една година, и тоа за предметот историја, па така наставниците во шестто одделение наместо по историја, ќе предаваат „природни науки“.

  • Се однесува само за една учебна година, само за шесто одделение, само за реализација на тоа во овој дел на учебната година. Бирото изготви, според нашите насоки и протестите, јас побарав да се изготви техничко решение. Фондот, годишен фонд на часови на наставниците по географија, заради тоа што во годишниот фонд не влегуваат само шестоодделенците, туку и седмо, осмо, деветто одделение. И другите години кадешто има предмет географија, е ист со претходните години, што значи дека нема да има проблем со фонд на часови – рече Шаќири.

Инаку, децата кои нема да добијат книги ќе учат од помошни материјали во електронска форма, оти министерството за образование годинава не планира да ги испречати, па така родители стравуваат дека и годинава ќе мора да ги копираат заменските „учебници“.

Согласно последната владина одлука, учениците од основните и средните училишта првпат ќе имаат пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5 мај.

Колку за потсетување, и лани учениците не ги добија сите учебници, а по некои предмети учениците немаа книги до крај на школската година. За привремени „учебници“ лани државата потроши над 640.000 евра, пари позајмени од светска банка. Според законот, учениците треба да добијат бесплатни книги за основно и за средно образование.