Јемен е земја соочена со опасност да ѝ се случи хуманитарна катастрофа во 2021 година, предупреди Меѓународниот комитет за спасување (IRC), по години безумна војна.



„Дваесет и четири милиони луѓе имаат потреба од некаков вид хуманитарна помош – било да е тоа храна, заштита, здравствени услуги или образование.

Според IRC Јемен е на првото место на списокот од најзагрозени земји на кој следат Авганистан; Сирија; Демократска Република Конго; Етиопија; Буркина Фасо; Јужен Судан; Нигерија; Венецуела и Мозамбик.

Абер Фоузи, заменик координатор за исхрана во IRC, вели: „Пред заканата без преседан, светот му сврти грб на Јемен. Никогаш порано Јеменците не се соочиле со толку мала поддршка од меѓународната заедница – или со толку истовремени предизвици“.

Според шефот на хуманитарната организација на ОН, Марк Лоукок, во ноември, Јемен доби помалку од половина од потребните средства за итни случаи оваа година.

Околу 13,5 милиони Јеменци во моментов се соочуваат со акутна несигурност за храната,а 16.500 луѓе гладуваат.

Во 2014 година, бунтовничката група Хути, подредена на Иран, зазеде големи делови на земјата, вклучително и главниот град Сана.

Војната ескалираше во март 2015 година, кога воена коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше во обид да се врати владата на претседателот поддржан од Иран, Абд-Рабу Мансур Хади. На коалицијата и помогнаа неколку западни сили, вклучително и САД.