Словенечкиот пратеник Змаго Јелинчич Племенити им го честита на Македонците јубилејот 30 години независност со пораката дека промената на името на државата спротивно на волјата на народот нема да биде трајна.
„Честитки до Македонците за 30-годишнината од независноста на Република Македонија.
Како што пред 30 години на референдумот изгласавте независност, така пред три години исто на референдум одбивте да го смените името во Северна, но власта не ја зеде предвид вашата волја. Насилните промени никогаш во историјата не се покажале трајни, па нема ниту вашата! Со среќа #Македонија!“, напиша во честитката лидерот на Словенечката национална странка (СНС).







