Словенечкиот пратеник Змаго Јелинчич ги означи резултатите на локалните избори во Македонија како победа на Македонците во многу важна битка, но ги предупреди дека војната за враќање на своето достоинство сè уште не е добиена.



„Честитки за Македонците и за Македонија, посебно за новата градоначалничка на Скопје, која го победи актуелниот градоначалник од редовите на социјалдемократите!

Резултатите од локалните избори во Република Македонија јасно покажуваат дека на луѓето им е доста од политиката на Зоран Заев. Државата во мандатот на овој национален предавник, според мислењето на многу Македонци, се најде на работ на амбисот. Во меѓувреме, странските господари на Заев се смешкаат и го тапкаат по рамо додека тој ги распродава националните интереси, а обичните граѓани живеат во беда, нивната држава ја проголтуваат огнени јазици, а во болниците луѓе умираат во нечовечки услови.

Драги Македонци: многу важна битка е добиена, но, за жал, војната, сè уште не! Се надевам дека наскоро ќе си го вратите достоинството. Ние Словенците сме со вас!“, порача на Фејсбук лидерот на Словенечката национална странка (СНС).