Подгответе вистински домашен паприкаш, сè меко, фино, се топи во уста…



Состојки :
-1200г јагнешко месо
-400g кромид
-5 црн пипер
-30г салца
-150г масло
-5г црвен пипер
-30г брашно
-5г сол
-1 китче магдонос
-200г свежи пиперки
-200г свежи домати
-100г моркови

Начин на подготовка:

Месото се сече на парчиња се набрашнува посолува и пропржува на загреана плитка маснотија .така пропрженоѕо месо се вади од маснотијата а во неа се пропржува ситно сечканиот кромид и моркови .кога кромидот ке биде полупржен се додава црвен пипер и пропрженото месо се налева со вода и се става да се вари се додека месото биде меко 80% .потоа се додават свежите пиперки и домати и се остава на тивок оган да врие уште неколку минути . Потоа се дотерува о вкус и се сервира во одредена чинија со ситни сечкан магдонос .Како гарнир со јагнешки паприкаш може да се сервира диндтвуван ориз ,пире од компири и тестенини.